Насловна / Архитектура / „Mоја скопска приказна“ отворен конкурс на фотографии

„Mоја скопска приказна“ отворен конкурс на фотографии

„Mоја скопска приказна“ е отворен конкурс на фотографии инспирирани од фасади на објекти кои го дефинираат вистинскиот идентитет на старо Скопје. Најдобрите фотографии ќе бидат претставени на изложба во Скопје, во мај 2018 година, а за прво наградениот фотограф следува парична награда од 300 евра во денарска противвредност. Наградата за второ место е 150 евра, а за трето 70 евра.

1
На отворениот конкурс ќе се наградува најдобрaтa композиција од 5 фотографии по учесник на тема ‘стари автентични скопски фасади’.
За учество, потребно е да се испратат фотографии од 5 различни фасади, кои ќе ја прикажат архитектурата, дизајнот, автентичноста и единственоста на истите. Се бара креативна композиција и јасност во фотографиите. Еден од критериумите за оценување е квалитетот и оригиналноста на фотографијата.

2
Фотографиите не треба да бидат помали од 1MB и не поголеми од 5MB. Истите мора да бидат подготвени за печатење. Сите учесници потребно е да бидат во можност да обезбедат слика со висока резолуција погодна за печатење за изложба доколку сликата е потребна. Конкурсот е отворен до 04.04.2018 година, до 16.00 часот. Фотографи од сите возрасти и нивоа на искуство се поканети да испратат фотографии од автентични скопски фасади со што ќе добијат можност да освојат парична награда. Фотографиите треба да се испратат преку линк на: [email protected]

Повеќе информации на:

веб страната за конкурсот: http://strymonfilm.mk/portfolio-item/empire-state/

линк од Facebook страната: https://www.facebook.com/Mojaskopskaprikazna/

линк од промотивното видео: https://www.facebook.com/Mojaskopskaprikazna/videos/479494839120170/?hc_ref=ARSQQumbyBh6Btpp8Loz2LcgiRYeR013pFSK7J1ZYDrx6JQMDPsmaYXemJVGi0JCaGk

Проектот е со финансиска поддршка на Делегацијата на Европска Унија во рамки на програмата за одбележување на Европската година на културно наследство 2018.

3

Испрати коментар

Scroll To Top