Насловна / Арт и дизајн / „Могилата на непобедените“- инсерти од архивата на ТВ Скопје

„Могилата на непобедените“- инсерти од архивата на ТВ Скопје

Денес е 11 Октомври  – Ден на народното востание на македонскиот народ против фашизмот со што започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.

05

Паркот на револуцијата се наоѓа на јужната периферија на Прилеп и е хортикултурно уреден со висока борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ, Прилеп во 1961 година го подига монументалниот споменит „Могилата на непобедените“ во рамки на паркот.

13

Споменикот е со полукружна форма со внатрешен дел кој по целата вертикална површина е поплочен со бели мермерни плочки. На него се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки. Во атриумот се издигаат осум мермерни урни кој симболизираат формирањето на партизанските одреди и нивно прераснување во поголеми воени формации. Паркот на револуцијата за споменик на култура е прогласен во 1989 година.

Ви претставуваме инсерти од архивата на ТВ Скопје од 04.07.1979 година.

Честит 11 Октомври!

Испрати коментар

Scroll To Top