„Моето место под сонцето“ е програма за социјална инклузија наменета за деца и родители од семејства со полоши социо-економски услови, која веќе седум години ја спроведува Здружението за култура „Центар за култура на дијалог“ од Хрватска.
Програмата подразбира вклучување на социјално ранливите деца и е замислена да им обезбеди на децата со полоша социо-економска положба, кои живеат во понеповолни животни околности, стимулативна средина во која ќе имаат можност да учествуваат во активности кои нивните родители не се во можност да им ги пружат.
Во склоп на оваа програма „Центарот за култура на дијалог“ овозможил адаптација, уредување и опремување на простор со површина 370 квадратни метри во Ријека. Проектот е доверен на архитектите Ана Бољар, Ида Крижај Леко, Ениа Кукоч, Кристијан Мамиќ, Марин Нижиќ, Ариана Сушањ и Дамиан Собол Турина.
Просторот на Центарот е отстапен од Универзитетот во Ријека, а програмата „Моето место под сонцето“ на тој начин станала професионална база на Педагошкиот факултетот, што дополнително ќе ја зајакне работата на здружението за социјална инклузија на децата.
За својот проект архитектите велат: „Адаптацијата на просторот „Моето место под сонцето“ носи посебна архитектонска приказна, притоа не потсетува дека за среќа не е потребно многу. Однадвор самостојна, одвнатре динамична, оваа навидум едноставна просторна интервенција нуди неизмерно многу на нејзините главни корисници – деца и родители од семејства кои живеат во полоши социјални и економски услови.
Преку низа внимателно одбрани архитектонски потези, вклучително и воведување на вселив ѕид, со манипулација на добро познати градежни материјали како што се видливи блокови од тули или необработени бетонски тавани, и употреба на бои како просторен обединувач, креирана е низа на повеќенаменски простори истовремено со затворен и отворен карактер. Во своето ново руво, ослободен од секаква монотонија и хиерархија, овој простор наменет за програмата за социјална инклузија отвора низа обликовни можности за креативно учество во образованието и активностите кои првично беа недостапни за неговите примарни корисници.
Преку архитектура соодветна на контекстот на социјалните и економските проблематики со кои се занимава, оваа имагинативна и прецизна интервенција резултираше со голема просторна и социјална вредност за оние на кои им е најпотребна“.
Здружението на хрватски архитекти „Моето место под сонцето“ го номинираше за наградата „Бернардо Бернарди“ – адаптација на простор.
Наградата „Бернардо Бернарди“ за најуспешно годишно остварување во областа на обликувањето и внатрешното уредување се доделува од 1988 година.