Шпанскиот Sancal ја претстави Elephant, колекција на модуларни столчиња со потпис на дизајнерското студио Nadadora.
Новите парчиња мебел од шпанското студио Nadadora во пастелни бои одлично се вклопуваат во стан, деловен простор, но и во хотел.
Сетот се состои од три коцкасти (45 x 45 cм) и три квадратни (45 х 90 см) табуретки, а овие последниве се со дрвени послужавници. Заоблениот дизајн изгледа удобно, и со оглед на фактот дека тие можат да бидат редени по желба, пригодни се за разни просторни ситуации и ентериери – од спални соби преку кафулиња и барови до хотели.
Овој тапациран мебел го има во разни бои, додека сталаците се достапни во две верзии – бакарна или графитна.