Архитектонското студио од Данска Lykke+Nielsen го создаде овој концепт на модуларни летни куќи. Куќите се многу едноставни и можат да бидат целосно готови за само шест месеци од моментот на нарачка. Нивниот изглед може да се конфигурира во зависност од желбите и потребите на нарачателот. Може да содржат се што е одлика на куќите изградени по традиционални методи: спална, кујна, бања и дневна.