Од 2015 година кога е изграден првиот станбен комплекс по системот на модуларна градба од дрво, значително е подобрен изгледот на „Place des Papyrus“ во северниот дел на Тулуз.
Компанијата PPA architectures создала 50 едноставни станови кои овозможуваат пристоен животен простор во самиот град, но и интеграција на социјално ранливите категории. Трапезоидната градежна парцела од јужна и западна страна е опкружена со два соседни станбени блокови.
Со цел најдобар компромис помеѓу приватноста и сончевата светлина, станбените единици се меѓу себе урамнотежени и благо завртени во различни правци. Резултатот е компактна, сложена конструкција.
Фасадите се поделени на пократката страна – една половина е застаклена, а другата затворена. Рамката од ариш и дава на фасадата рафинираност и „чистота“. Обемот на префабрикација подразбира кратко време на изработка – околу два месеци. Вистинското достигнување на архитектите во овој случај, лежи во создавањето модерни урбани простори со добри пропорции, преку просто повторување на системот на градење.