Насловна / Архитектура / Модуларна фасада – дом за птици, инсекти и растенија

Модуларна фасада – дом за птици, инсекти и растенија

Инженерската компанија Buro Happold од Велика Британија и американското архитектонско студио Cookfox Architects, направиле прототип на фасаден систем од теракота, во кој може да се сместат птици, инсекти и растенија. Нивниот модуларен систем има за цел да им овозможи на растенијата и животните простор за живот на фасадите на зградите во урбаните средини.

facade1

facade2

Од Buro Happold велат дека системот на фасадата е проектиран така да го поддржи разновидниот домашен екосистем кој напредува во урбаните средини, а покрај тоа има и едукативна улога. Истакнуваат дека ѕидот од теракота е направен од стандардизирани модули кои се составуваат и создаваат рамка за прилагодување. Секој поединечен модул има скулптурален облик. Модулите се обоени во нијанси на сина и бела боја и се создава ефект на брановидна текстура. Обезбедени се и специјални простори за гнезда со доволна длабочина, а сите отвори имаат различни димензии со цел да бидат соодветни за различни видови на животни.

facade3

facade4

Проектот е целосно во склад со мисијата на споменатите компании за создавање иновативни, трајни идеи кои ја поддржуваат одржливоста. Користењето на зградите, покривите и терените како живеалишта за одредени животни е суштински дел на долгорочното здравје и на луѓето и нивните екосистеми. Меѓу другото, тоа е дел и од LEED и Living Building сертификатите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top