Новата линија на фрижидери е создадена како производ на соработката меѓу компанијата SMAG и модниот гигант „Долче Габана“.
Така, италијанската модна куќа и познатиот производител на фрижидери, заеднички креирале нова лимитирана линија на колекција на фрижидери од сто примероци.
Новото издание на SMAG фрижидер го слави богатството на декоративните елементи од сицилијанската традиција. Новата линија на насликаните FAB28 SMAG фрижидери беше презентирана на миланската Design week 2016 година.
Модните фрижидери ги насликале шест сицилијански уметници. Тие на ретро моделот FAB28 рачно насликале сцени од италијанската опера, митологијата како и од секојдневниот живот, кои се поврзани со сицилијанската традиција.
Многу од нив се покриени со цвеќиња или геометриски симболи и орнаменти типични на Сицилија.
Од „Долче и Габана“ истакнуваат дека сицилијанската традиција секогаш била дел од нивната работа и дека оваа соработка со SMAG претставува уште еден квалитетен производ со знакот „made in Italy“, пишува Designboom.
Како што бројот на овие модни фрижидери е лимитиран, се продаваат по цена од 34.000 долари по парче.