Насловна / Вести / Модната куќа H&M со нова еколошка линија на облека – Conscious

Модната куќа H&M со нова еколошка линија на облека – Conscious

Шведскиот производствен и продажен ланец на облека H&M во склоп на својот асортиман ја нуди линијата Conscious во рамките на која се наоѓаат артикли направени од рециклирани суровини и одржливи материјали. Модната куќа на 11-ти април ќе ја претстави деветтата Conscious колекција, а на своите купувачи по прв пат ќе им овозможи прилика да носат „овошје“ и „алги“. Притоа не се мисли на овошки и алки како апликации на модните парчиња, туку како на градбени елементи. Следејќи ги чекорите на одржливата мода и користејќи најнова технологија, H&M оваа година се здружи со компаниите за производство на еко текстил, со цел во својата понуда на револуционерен начин да го вклучи и отпадот од храна.На полиците и рафтовите во продавниците на Швеѓаните, наскоро ќе можете да пронајдете веганска кожа од листови ананас, алтернативна свила од кора од портокал и ѓонови за чевли изработени од алги. Суровината за сите овие органски ткаенини е широко достапна и ги претставува остатоците од бербите на ананас и цедење на портокали, или пак со нејзиното користење се намалува „пренаселеноста“ на морињата со алги која негативно се одразуваа на останатиот морски свет, првенствено коралните гребени. Сепак, поединци предупредуваат дека дури и текстилот со префикс „еко“ се премачкува со хемикалии со цел да се осигура дека гардеробата нема да се разгради по биолошки пат, што исто така значи дека не може да се рециклира и да се распадне на депонија, како и дека штетните премази ги загадуваат водните токови. Сметаат дека еколошкиот отпечаток кај “еко“ и конвенционалните материјали е приближно еднаков.

Од друга страна пак, еден од најпроблематичните аспекти на модата е брзината со која таа се менува. Огромни количини материјал ќе бидат произведени, купени и отфрлени. Според тоа, примарната цел на производителите не е насочена кон тоа нивната мода да потрае, туку моделите да одат во чекор со трендовите и да бидат ефтини.

H&M1

H&M2

H&M3

H&M Conscious Exclusive Event: 2019

Испрати коментар

Scroll To Top