Насловна / Вести / Модна ревија на студенти по дизајн од ТМФ

Модна ревија на студенти по дизајн од ТМФ

На Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи модна ревија на студентите по дизајн и инженеринг на облека.

Ревијата е насловена „2017 за нас е Метаморфоза“ и на неа студентите под менторство на м-р Лидија Георгиева ќе ги презентираат стекнатите знаења и вештини.timthumb.php

На ревијата ќе присуствуваат и министерката за образование и наука Рената Тренеска Дескоска, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Францускиот институт ќе додели наградни патувања во Франција на тројца најдобри студенти на ревијата.

Испрати коментар

Scroll To Top