Локацијата е препознатлива по три карактеристични теренски формации: Eagle Rock, планински гребен и полиња со винова лоза. Главниоит предизвик на Mork Ulnes Architects во проектирањето било да се врамат трите погледи, а истовремено да се задржат сите ореови дрвја кои постојат на местото. Трите краци се протстираат помеѓу дрвјата така што го следат теренот.
Куќата е изградена на челични потпорници за да не го уништи коренот на дрвјата. За да се намалат трошоците, но истовремено и да се задоволат барањата на клиентите објетот бил дизајниран според стандардна димензија (недообработена иверица и OSB) за да се минимализира загубата на материјал. Објетот е направен со многу мал буџет, помалку од 190$ по метар квадратен.