Во склоп на пакетот помош на државите членки, Евроспката комисија неодамна ја потврди финансиската помош вредна 57 милиони евра наменети за модернизација на системот за греење на Град Загреб. И покрај тоа што Hrvatska elektroprivreda (HEP) е корисник на оваа инвестиција, дел од проектот ќе биде финансиран од структурните фондови на ЕУ. Комисијата проценила дека финансискиот пакет ќе го унапреди постоечкиот систем за греење и ќе го приближи до целите во однос на декарбонизација и заштитата на животната средина во согласност со политиките на ЕУ.
Имено, постоечкиот систем не е во согласност со овие одредби, односно емитува значителна количина на стакленички гасови, а модернизацијата ќе овозможи нивна редукција за 280.000 tCO2eq годишно.