По изведбата на ентериерите на AOL, Dreamhost и Ebay Offices, студиото O+A, повторно воодушевуваат со својот нов ентериер за канцелариите на компанијата Uber, лоцирана во Сан Франциско.
Овој минималистички и модерен ентериер воопшто не изгледа досадно, туку нуди возбудливост како што се движите низ канцелариите и другите простории.
Комбинацијата на мермер и дрво во рецепцијата, совршено се вклопува во целата замисла. Тука се и неонките во ходниците, кои му даваат уште еден интересен момент на ентериерот.