Насловна / Архитектура / Модерни структури во дворот како работни простори

Модерни структури во дворот како работни простори

Денеска сè почеста појава е работното место да е во вашиот дом. Овој современ феномен резултира со голем број канцеларии поставени во модерни структури во дворот.

Arrow – Peter Hogg и Toby Reed Architects, Австралија

Дизајнот е во форма на стрела со отвори скриени зад самата фасада, со цел да се спречат кражби на уметничките дела изложени во внатрешноста.

канцеларија-1 канцеларија-2 канцеларија-3

Shoffice – Platform 5 Architects, Лондон

Дизајнот е во форма на спирална школка која се претопува постепено во градината, со што целиот објект добива изглед на склупторска структура.

канцеларија-4 канцеларија-5 канцеларија-6

 

The Hackney Shed – Office Sian Architecture, Англија

Структура изработена од квалитетно дабово дрво и поставена помеѓу зеленилата во дворот. Внатрешноста е целосно изработена од вградени полици.

канцеларија-7 канцеларија-8

Bussum Garden Studio – Serge Schoemaker Architects, Холандија

Дизајн кој се базира на слободно стоечка структура целосно изработена од темни ќерамиди со транспарентен агол каде е поставено работното биро.

канцеларија-9 канцеларија-10 канцеларија-11

Artist Retreat – 0 to 1, Fiskars, Финска

Простор за работа и живеење кој има необичен облик и програма која се заснова на простор за спиење, работен простор и отворена тераса.

канцеларија-12

канцеларија-13 канцеларија-14

Container Studio – Maziar Behrooz Architecture, Њујорк

Овој простор од 65 метри квадратни е организиран во две нивоа, каде што на долното ниво е поставено уметничкото студио, а движењето по скалите овозможува разледување на изложените уметнички дела.

канцеларија-15 канцеларија-16 канцеларија-17

Art Warehouse – Boeotia by A31 ARCHITECTURE, Грција

Оваа канцеларија е во сопственост на уметникот и склуптор Alexandros Liapis. Композицијата се состои од три одделни работни простори сместени под бетонската лушпа. Необичната структура на објектот одговара на грчкиот пејзаж.

канцеларија-18 канцеларија-19 канцеларија-20

 

Испрати коментар

Scroll To Top