Студиото Sebastiaan Dillmann креира дрвен лустер Eden како одговор на големите количества отпад што се создаваат секојдневно.
Eden е целосно рачно произведен и направен од отпадни материјали од природата, што може да се најдат во холандските шуми. Така, непреработени гранки се исечени во парчиња и се издлабени за да се формираат основните материјали за лустерот.
Секое парче формира единствен дел кој на крајот се додава на другите за да се сложи во целост. Резултатот е моќен и безвременски предмет дизајниран за да го издржи тестот на времето.
Eden е земски рај каде што сè треба да биде во вечна хармонија. Економијата во нашиот модерен свет се врти околу потрошувачката. Производителите постојано воведувaaт нови дизајни на пазарот, кои ги прават постојните производи застарени. Ова води кон огромни количeства отпад и инфлација.
Овие идеи биле инспирирација за дизајнерскиот концепт на дрвените лустери.