Жителите на една зграда во Њујорк ќе имаат чувство како да живеат на планина, во предел со чист и свеж воздух. Шеснаестакатната зграда, дело на дизјанерското студио „БКСК Архитектс“ и градежната фирма „Енбо“, на своите станари ќе им овозможи да дишат квалитетен воздух по напорниот работен ден. Зградата има сертификати за изнореден квалитет на воздухот во внатрешноста, како и за високи енергетски перформанси.
Системот за климатизација во зградата поседува исклучително квалитетна опрема за филтрирање, која овозмжува максимално намалување на изложеноста на загадениот воздух. Квалитетот на воздухот е на ниво кое е стандардизирано за операционите сали во болниците.
Во самиот објект овозможена е рекуперација на топлина од зоните кои се ладат, која може да се искористи за други намени. На овој начин се оптимира енергетската потрошувачка на објектот.
Секој детал во зградата е внимателно испланиран со цел да се овозможи полесно одржување на просториите и еколошки стил на живеење.