Оваа модерно опремена вила е изградена врз темелите на стара куќа во популарната туристичка дестинација Ибица.
Архитектот Pascal Cheikh-Djavadi од Париз, доби задача на старите темели на една куќа во Ибица да изгради нова вила во согласност со трендовите.
Во рамките на поранешната градба изградена е луксузна куќа со минималистички дизајн.
Нејзиниот моќен модуларен склоп е елегантно поставен во живописно опкружување.
Парискиот архитект вешто ги спои контрастот на руралната средина на централниот дел од островот со минималистичката елеганција на остри геометриски форми, пишува Designboom.
Дизајнот е изграден со користење на карактеристичните елементи за архитектурата на Ибица. Како постојните објекти, и оваа вила е со правоаголна структура и со селективно користење на отвори, коишто обезбедуваат подолги временски периоди на ладовина во внатрешноста на објектот.
Дневната соба, во која доминираат белата површина на ѕидовите и полиран бетон, разиграна е со интересни парчиња мебел во неутрална палета на бои.
Спалните соби имаат издолжена форма која овозможува речиси постојана ладовина, а тука се и големите стаклени површини низ кои може да се види прекрасната природа на островот.