Насловна / Архитектура / Модерна вила на падина

Модерна вила на падина

„Valle House“ е модерна вила во природа, која се состои од неколку згради поврзани со стаклени мостови, кои се спуштаат по падината на ридот и се потопуваат во природната средина. Невообичаениот дизајн е дизајниран така што нема да го наруши природното опкружување, и затоа не се сечени дрвја за време на изградбата на куќата.

vila
Вилата од скоро 600 метри квадратни се наоѓа на пространа парцела во приватна населба во градот Вале де Браво во Мексико, на сложен терен со наклон од 35 степени.

vila8
Нејзината позиција на голема падина била предизвик за градежништвото, но исто така обезбедиле и импресивен поглед од сите делови на куќата. Куќата е создадена така што таа коегзистира хармонично со околината и ги приближува сопствениците до природата.

vila1
Во подножјето на куќата е ископано езерце, а земјата што е извадена од него е истурена на другите делови на теренот каде што било потребно. Езерото е поврзано со системот за собирање дождовница, кој служи за одржување на посакуваното ниво на вода.

vila2
И на горниот дел од парцелата, има создадено помала водена површина, што го отсликува главниот влез во куќата. Вештачкиот поток дополнително се одвојува и тече од двете страни на куќата, за да се влева во езерцето во подножјето. Циркулацијата на водата е овозможена со пумпи што ја враќаат водата назад од езерото до влезот.

vila3
Главниот влез во куќата е особено импресивен: тој се наоѓа во квадратна зграда висока четири метри, која зафаќа централна позиција во куќата, а е изградена околу стебло со височина од 30 метри.

vila4
Од влезот, куќата е поделена на две крила: приватна, со спални соби и заедничка, каде што можете да најдете помошни простории и гаража, а потоа и дневна област.

vila5
Четирите спални соби се распоредени на две нивоа, а секоја е опремена со купатило и тераса.
Од друга страна, стаклениот мост што минува низ потокот води до дневниот престој.

vila6
Кујната, трпезаријата и дневната соба се поврзани со покриената тераса со простор за скара и јадење на отворено.
Аголот за релаксација се наоѓа на платформа која „лебди“ над падината, а базенот со лежалки овозможува уживање во погледот.

vila7

vila9

Испрати коментар

Scroll To Top