Оваа сјајна вила „Исео“ во Сулзано, Италија, е вистински дом од сонот, со околу 700 квадратни метри простор.
Вилата има три спални соби и четири бањи и се наоѓа во сопственост која мери околу 2,15 хектари прекрасно украсена земја, во близина на езерото Исео, а исто така нуди импресивен преглед и убава природна околина.
Покрај смирувачкиот поглед на езерото, оваа вила нуди можност за пливање во езерото во дел кој има високо ниво на приватност, наспроти близината до главниот пат.
Со своите три ката, вилата има два големи базени, прекрасна веранда со камин, и приватен пристап за автомобилите.
Благодарение на француските прозорци, може да се влезе во дворот од секоја соба во приземјето, што е многу убаво направено со оглед на природата што го опкружува овој имот. Идните сопственици на оваа вила, ќе имаат можност да уживаат во импресивната опремена кујна, во главната спална соба со голем плакар и приватно купатило, која има џакузи и туш.
Скоро изградена, оваа вила е внимателно дизајнирана и изградена со високо квалитетни материјали.
Со употребата на камен, „Ломбард“ теракота и дрво, во внатрешноста на вилата е креирана современа атмосфера, што е совршено интегрирана со природната средина и рустикалните елементи кои се карактеристични за овој дел на Италија.
Вилата „Исео“ е идеален имот за постојана резиденција за оние кои сакаат да уживаат во благодетите на еден голем град, без жртвување на мирот и тишината што ги овозможува оваа куќа на брегот на езерото.