Многу светски дизајнери во последно време користат неутрални бои, како сива, црна и бела, но ваквите тонови понекогаш даваат стерилен изглед на домот, без употреба на светли и живи бои.
Оваа куќа е дизајнирана од страна на тимот на архитектот Павел Војтов, и во овој дизајн покрај неколкуте површини во неутрални тонови, смело се употребени и зеленикава боја на лимета, виолетова и небесносина боја.
Пространиот простор во дневната соба се карактеризира со отворен простор во кој се сместени повеќе детали со свежи бои, а како предводник се јавува перфектната маса поставена во средината на просторот.
Софите се одликуваат со чисти и елегантни линии, а истовремено не им недостасува и удобност.
Детската соба е чиста и разиграна. Бојата на ’рѓа која се јавува на креветот и завесите, многу изненадувачки се спојува со светлосината на полиците за книги.
Спалната соба за родителите се одликува со употреба на многу понеутрални бои. Наместо со бои, во оваа соба дизајнерите си играле со текстурите на материјалите на мебелот.
Во спалната соба за ќерката е искористена виолетовата боја која е доволно женствена и шик.
Во бањата, покрај кафеникавите и неутрални тонови, се јавуваат и мозаични свежи плочки кои го разигруваат просторот.
Кујната ги спојува сите простории со употребата на зеленикавата боја која дава свежина на целиот простор.