Архитектонското студио Nravil од Казахстан, го претстави својот најнов проект со име „Бела линија“. Се работи за модерна фамилијарна резиденција во градот Алмати, а која се карактеризира со геометриски интересна, но остра форма.
Архитектите од студиото велат дека нивната главна цел била да проектираат куќа која ќе биде во согласност со околината во која се наоѓа. Самата конструкција на куќата на рид со панорамски поглед е многу динамична и невообичаена и тоа е причината зошто за неа сега пишуваат сите светски медиуми.
Минималистичкиот стил е логично присутен и во ентериерот каде што доминира белата боја. Предниот дел на куќата е во облик на стаклени, движечки ѕидови кои овозможуваат пробив на природна светлина. Освен белината, која е застапена во сите зони на просторот, тука е и неизбежниот мермер, кој денес е главен претставник на луксуз и богатство, а кој на многу суптилен начин се вклопува во овој одличен проект.