Насловна / Архитектура / Модерна резиденција како оаза за релаксација

Модерна резиденција како оаза за релаксација

Познатиот јапонски архитект Kengo Kuma го претстави на јавноста еден од своите најнови проекти на необични станбени резиденции. Поточно, се работи за шест вили сместени на јужниот дел на Бали чија примарна цел е да понудат оаза за целосна релаксација.кенго кума_1

Проектот е наречен Tsubomi Villas, а освен од шест вили, истиот се состои од стаклена градина за одгледување на домашни намирници, како и павилјони за јога.кенго кума_2

Самата архитектура е комбинација на дизајн и природата, а материјалот кој доминира е дрво. Дизајнот на ентериерот и екстериерот е многу минималистички, без вишок додатоци кои можат да го одвлекуваат вниманието.кенго кума_3

Околината што ги опкружува вилите е преполн со зеленило, а самите вили имаат поглед на прекрасните плажи. Проектот е наменет за луѓе кои го ценат вистинскиот одмор во природата и не прифаќаат компромис по ова прашање.кенго кума_5 кенго кума_4

Испрати коментар

Scroll To Top