Објектот се наоѓа во мало село во Шпанија, во рурално густо јадро составено од 20 куќи, опкружени со полиња и ливади, каде земјоделието и сточарството се главни активности. Отворенитe погледи од ова место кон Кади се вистинки рај за очите.
Една група на градби кои се формирани од стог, штала, магацински простор и мала куќа, припаѓаат на клиентот што се обратил до студиото Dom Arquitectura, со идеја за санација на просторот и создавање нов дом и гостински павилјони.
Притоа, зачувани се старите волумени, а санирани се само нивните фасади и кровови како и ентериерот на објектите. Употребен е кровен систем каде гредите се видливи во ентериерот.
Во внатрешноста, неколку соби и гостински простории го зачувале својот оригинален изглед со камени ѕидови, дрвени облоги, употреба на елементи од ковано железо и комбинација со дрво.