Лоцирана во местото Торак, Австралија, модерната приватна вила проектирана oд архитектонското студио SVMSTUDIO претставува современо решение за дизајнирање вила на стрмен терен. Предизвиците со кои се соочиле архитектите во поглед на пректирањето на вилата поради тешкотиите што ги предизвикале падините на теренот, придонеле за нејзино дијагонално поставување на теренот. Дополнително, во основата може да се забележат отвори-атриуми со цел внесување на поголемо количество светлина во ентериерот и истовремено, архитектот вели дека на овој начин се овозможува врска со небото. Приземјето има силна врска со земјата, од каде што воедно се овозможени погледи кон градината. Преку оваа суптилна врска помеѓу земјата и небото се создава дом каде што грниците на просторот и играта на светлината и сенките се доволна декорација и јасна експресија на самиот ентериер.