Темишвар во Романија е град кој често инспирира со модерна станбена архитектура и интересни проекти.
Куќата се наоѓа во едно од предградијата на Темишвар, во новоизградена зона. Дизајнерите се одлучиле за едноставен црн и бел волумен. Белата боја ја нагласува хоризонталната и вертикалната динамика, а црната боја визуелно ги протега отворите.
Фасадата има различна динамика во споредба со својата ориентација. Главната фасада е на исток, и ја нагласува хоризонталноста на волуменот, почитувајќи ја динамиката на улицата. Јужната фасада е отворена заради истакнување на внатрешниот простор и светлината што е потребна. Западната фасада е статична и транспарентна, со отворен поглед кон дворот и просторот за релаксација и пливање.
Северната фасада е повеќе затворена, има низа тесни отвори кои овозможуваат влез на светлината во главниот простор.
Внатрешниот двор со базен нуди многу можности за надворешна релаксација.