Артказал е невообичаена куќа од природни материјали, подигната во близина на границата на Унгарија и Србија.
Архитектот Золтан Тот од студиото Artgroup потпиша проект на куќа од слама во Морахалом, познато село во јужниот дел на Унгарија по бањскиот туризам.
Идејата за правење на ваков објект е добиена од живописниот пејзаж, кој го красат пластови сено на ожнеаните полиња. Бидејќи сламата ја има во изобилство, изборот на материјал за изградба бил логичен и енергетски одржлив.
Дрвената структура на куќата е обложена со двоен слој од слама, кој обезбедува и добра вентилација и добра изолација, додека слојот од 25 сантиметри ја заштитува куќата од сончевите зраци.
Сите врати и прозорци се направени во COR_TEN челик. ‘Рѓосаниот изглед на ваквиот челик совршено се вклопува во овој вид на изградба.
Куќата е опремена со системи за греење на геотермална енергија, кои ги потпомагаат и соларните панели на покривот. Оптималната локација на куќата обезбедува совршена ефикасност на соларните панели.
Инаку, куќата е опремена со модерен ентериер како и богатство од содржини за членовите на семејството и гостите. Покрај теренот за одбојка, куќата има сауна, џакузи на отворено, како и пинг-понг маса која се наоѓа на покривот од куќата.