Од уништен имот од 18 век креиран е објект што плени со својот изглед.
Селска куќа наречена Coldrach, се наоѓа во Националниот парк Cairngorms во североисточниот дел на Шкотска. Бидејќи била целосно уништена, британското архитектонско студио Moxon доби задача за нејзино комплетно реновирање, со додавање на нов објект со сличен волумен, кој би бил поврзан на начин да се направи имот удобен за живеење.
Со додавање на топла врска меѓу стариот, реновиран објект и новата куќа добиена е комплекс во форма на буквата U.
Постоечкиот објект од камен бил пред реновирањето во потполност распаднат. Неговата внатрешност и покрив се реновирани, а првобитниот изглед на фасадата се задржани, со цел да се зачува концептот на планинската куќа.
Објектот со слични димензии, како и топлата врска која ги поврзува постојната и новата структура, обложени се со ариш дрво и брановидни метални панели со црвеникава боја.
Иако претставува транзиција помеѓу два визуелно различни дизајни, топлата врска обезбедува единствена функционалност на комплексот.
Погледот кон природата го овозможуваат големите стаклени панели, кои може да се движат и да се овозможи пристап до градината.
Во проширениот дел од 120 квадратни метри се наоѓа кујна со трпезарија. Доминантниот сегмент на просторот е стаклен агол на куќата преку кој се овозможува поглед на планината Lochnagar.