Насловна / Арт и дизајн / Модерен тостер за 21 век

Модерен тостер за 21 век

Noun-stakleni-toster-tehnika-dizajn (2)
Како и секој друг кујнски апарат, така и тостерот еволуирал низ генерации за да стане напреден и модернизиран не само во изгледот туку и во својата работа. Италијанскиот производител на кујнски апарати Bugatti создаде нов тостер, кој претставува современ кујнски апарат на потполно ново ниво.
Лансиран во Милано на саемот Eurocucina 2014, овој тостер наречен Noun, не само што прави тостови, туку може да се користи и за други готвења. Иако основниот дизајн не се разликува од традиционалниот, стакленото тело дава ново ниво на транспарентност во процесот на готвење.Noun-stakleni-toster-tehnika-dizajn (2)
Неговата работа е сосема поинаква од стандардните тостери. Во него не се наоѓаат жичени греалки кои го загреваат лебот. Двете керамички плочки имаат вградени полупроводници, со што тие ја спроведуваат топлината и го готват сето она што доаѓа во контакт со нив, вклучувајќи пилешко месо или исечен зеленчук.
Заедно со напредните контроли, може да се контролира времето за готвење и температурата преку апликација на паметен телефон. Овој тостер ќе се појави на продажба следната година.Noun-stakleni-toster-tehnika-dizajn (3) Noun-stakleni-toster-tehnika-dizajn (3)

Испрати коментар

Scroll To Top