Косината што ја создава поткровјето како и просторот под скалишниот простор, може идеално да се искористи за полици и како килер.
Овој модерен стан е уште еден доказ дека белата боја совршено одговара на поткровјата. Ентериерот го прави студиото ОООХ од Прага. Во прв план на дизајнот на ентериерот се кровните косини и интересното решавање на скалишната ограда, која намерно е избегната од класичниот момент, како би се создала транспарентност и флуидност на просторот.
Фиоките што се отвораат со допир, без видливи рачки, заземаат поголем дел од просторот под скалиштето. За да не се истакнат премногу, и тие се изведени во бела боја како и ѕидот во заднина. Во истиот дел е решен и простор за оставање вино, како две коцки со дијагонални прегради. Овој дел е истакнат со црна боја.
Кровната косина е искористена и таму е сместена аголна софа и полица за книги од дневниот престој. Колоритот е минимален. Се појавуваат само белата, црната и сивата нијанса во комбинација со бел храст.