Насловна / Вести / Модерен пешачки мост според нацрт на Леонардо да Винчи

Модерен пешачки мост според нацрт на Леонардо да Винчи

leonardo da vinci most (5)

Познат под прекарот „Мона Лиза меѓу мостовите“, пешачкиот мост Златен Рог е идеја стара повеќе од петсто години на познатиот Леонардо да Винчи, која е реализирана дури во 2001 година.
Мостот е проектиран во 1501 година, и требало да биде изграден преку Златен Рог, природното устие на Босфор, во должина од 240 метри, за да ги поврзе двата дела на тогашниот Константинопол (денешен Истанбул).

leonardo da vinci most (6)
Меѓутоа, поради сложеноста на дизајнот, султанот Бајазит II се сомневал во неговата сигурност и ја одбил понудата. Судејќи по сè, Леонардо да Винчи бил премногу напреден за градителите од тоа време.

leonardo da vinci most (9)
Во 1995 година, норвешкиот архитект и уметник Vebjorn Send го открил нацртот на една изложба на дизајнерски решенија од Да Винчи. Тој се „вљубил“ во мостот и решил да го изгради во Норвешка. Но наместо огромен мост, тој направил мал пешачки мост користејќи дрво и челик наместо камен. Минијатурната верзија на мостот на Да Винчи се наоѓа на автопатот Е-18 што ги поврзува Осло и Стокхолм во близина на градот Ас.leonardo da vinci most (8)leonardo da vinci most (4) leonardo da vinci most (3) leonardo da vinci most (11) leonardo da vinci most (10) leonardo da vinci most (2) leonardo da vinci most (7)

Испрати коментар

Scroll To Top