Едноставниот дизајн и употребата на неутрални бои во малиот простор од само 40 метри квадратни, претставува современо енетериерно решение од дизајнерското студио Curly Studio со локација во Москва. Наместо класичната поделба на просториите со ѕидови, дизајнерите во овој случај се одлучуваат за поделба на дневната од спалната просторија со стаклени површини. Во тесниот простор поставени се голем број скриени простории за складирање, како што е просторот под креветот за спиење и отворени полици. Спрецифичните ентериерни украси како што се сликите, креативниот мебел и ѕидот од тула во бела боја само го надополнуваат просторот и му даваат посебен шарм.