Тајландската архитектура во себе носи свои карактеристики и особености. Оваа култура воопшто, па така и архитектурата, негува особен респект кон својата историја и традиција.
Оваа куќа, секако дека е базирана на некои од принципите на сопствената тајландска култура и традиција, но истовремено ги почитува и новите модернистички принципи на градба како во Тајланд така и во целиот модерен свет.
Куќата користи доста голема површина, па така секоја од нејзините простории се карактеризира со пространост и комодитет. Секој простор е максимално транпарентен кон околината, па така во овој дом не недостасува светлина. Исто така, границата помеѓу внатрешноста и надворешноста е речиси невидлива поради големите застаклени површини на фасадните ѕидови.
Ентериерното решение на овој објект се одликува со чистина и јасност, кои се и принципите на тајландската традиционална архитектура. Овој простор, сега преслечен во модерни парчиња мебел изработени од современи материјали, е целосно пријатен и гостопримлив како за постојаните станари на овој дом, така и за нивните гости.