Тимот на Шведска, составен од 25 студенти од Универзитетот Чалмерс, неодамна ја изгради оваа еколошка куќа која целосно се напојува со сончева енергија. Halo е концепт на самоодржливо живеење кој започна како груба скица и на крајот заврши како целосен, функционален објект.
Кружниот дизајн со површина од 60 м2 беше наменет да поттикне групно живеење со мали приватни соби и големи заеднички комунални простори во домот. Мотото на тимот за проектот беше, „Споделен простор е двојно поголем простор.“
Современиот концепт беше конструиран со обновливи материјали, вклучувајќи шведска смрека од која е изградена носечката структура и дрвни влакна употребени за внатрешната изолација. Надворешноста, вклучувајќи го покривот, е составена од соларни келии кои ја абсорбираат соларната енергија, создавајќи енергетски ефикасен простор за живеење. Како резултат на иновативните идеи на тимот и посветеноста кон проектот, концептот освои трето место на интернационалниот натпревар, Solar Decathlon.