Насловна / Архитектура / Модерен дизајн во спој со историјата

Модерен дизајн во спој со историјата

Островот Бигвин (Bigwin) кој е крстен по големиот поглавар на локалното племе John Bigwin, е познат по голф терените изградени од 1922 година и пo луксузните хотелски комплекси за одмор и рекреација на големите индустриски моќници, на холивудските ѕвезди па дури и нa холандското кралско семејство. Островот кој се наоѓа во Бејското Езето во Северно Онтарио, Канада е исто така свето место за домородното племе Ojibwe.

13_resize

2_resize

Во 2018 година сопственик на имот на островот распишал конкурс каде биле поканети шест архитектонски куќи да дадат концепт-решенија за изградба на комплекс за одмор. Визијата, изнесена во конкурсот, била проект кој ќе ја почитува историјата на островот, околината и карактеристичната архитектонска естетика на регионот Мускока, истовремено користејќи практични градежни техники и максимизирање на енергетската ефикасност и одржливост. Сопственикот на имотот ги отфрлил големите хотелски комплекси со по 150 соби, и го одбрал проектот на архитектонската куќа MacKay-Lyons Sweetapple Architects кои предложиле концепт со куќи од 114 до 125 квадратни метри.

3_resize

6_resize

Според архитектите овој проект е инспириран од неговата околина, додека процесот на дизајнирање започнува со таканаречено „слушање на земјата“, а на овој остров има многу што да се слушне од домородното население.

10_resize

Со почит и наметливост, елегантно повикувајќи се на историското наследство и убавина, куќите на островот Бигвин нудат балансиран, инвентивен и одржлив одговор на сложениот архитектонски предизвик. Важен принцип во процесот на дизајнирање, и за клиентот и за архитектот е лесно да ја допираат земјата, односно да се минимизира нарушувањето на пејзажот. Според проектантското биро, елените на островот се вистински архитекти на пејзажот. Линијата на пасење на елените го оформува долниот дел од крошните и овозможува поглед од куќите до езерото. Оваа архитектура се стреми да предизвика безвременско, архетипско искуство на живеење во шумата.

7_resize

MacKay-Lyons Sweetapple Architects победија на натпреварот со проект кој користи модернистички стилски речник за да ги изрази архетипските концепти. Извонредно изработени од природни материјали, со ненаметлив дизајн, кој не претендира спектакли, а препознатлив во својата едноставност и пропорција, и остава впечаток токму толку колку што е потребно, секоја кабина е составена од едноставен сет простории: украсен трем, дневен престој, огниште, соба за спиење, кујна, трпезарија и бања – сите непречено поставени заедно.

14_resize

12_resize

Интересно е да се забележи дека кровот е легнат на стаклен павилјон во кој се сместени дневната, трпезаријата и кујната. Во средината на таванот има отвор, обложен со дрвна оболга, кој оди до врвот на кровот и овозможува зголемување на дневната светлина во просторијата. Геотермалниот систем за греење собира топлина од езерото и ја зрачи од подното греење; а во лето, природен, пасивен систем за вентилација канализира топол воздух нагоре низ покривот.

8_resize

1_resize

Куќите се поврзуваат не само со пределот, туку и меѓусебно се поврзани едни со други; тие се сместени во групи, каде што нивната транспарентност и отвореност ги ставаат во разговорните односи. Просторите меѓу нив се доволно мали за да им овозможат на соседите блискост, да се поздравуваат едни со други, а некои од кабините имаат заеднички содржини идеални за готвење и игри.

11_resize

17_resize

18_resize

15_resize

16_resize

Испрати коментар

Scroll To Top