Овој апартман се наоѓа во Париз и истиот е плод на модерната внатрешна архитектура, по најновите трендови.
За неговото обликување се искористени многу современи елементи но и во него се вдахнати голем број на уметнички елементи па така со сигурност можеме да кажеме дека ова е апартман со уметничка нота.
Користени се и повеќе рустични елементи, кои дополнително му даваат урбан шмек на овој простор.
Користејќи природни материјали и игра со светлината топлината и пријатната атмосфера во овој дом е загарантирана.
Дизајнерот на овој простор посветил посебно внимание на деталите, па така во секој негов „агол“ има детали кои го оплеменуваат просторот, а истите меѓусебно совршено се вклопуваат.