Насловна / Вести / Моден крик! Јакна од 47 рециклирани шишиња

Моден крик! Јакна од 47 рециклирани шишиња

Everlane е производител на облека и обувки од САД, со изразена општествена одговорност, почитување на етичките начела и радикална отвореност во работењето.

everlane2

Во околности во кои на глобално ниво, искористувањето на работниците во оваа индустрија е тажно секојдневие, за своето производство Everlane бира исклучиво фабрики кои ги почитуваат правата нa работниците и редовно исплаќаат плати. Во описот на артиклот, покрај составот, стои и името на погонот каде е произведен и неговиот сопственик, потеклото на материјалот и текот на настанувањето на готовиот производ. Покрај тоа, купувачите имаат на располагање дополнителни информации за трошоците за материјал, работна сила, транспорт и царина. Продажната цена е зголемена 2-3 пати во однос на трошоците, додека кај другите продавачи зголемувањето е најчесто 5-6 пати, велат од Everlane.

everlane1

Everlane се стреми да ги замени сите синтетички материјали со „еколошки“ суровини. Компанијата сака да го направи еколошко и пакувањето на производите. Облеката и обувките се транспортираат во рециклирана амбалажа. Во исто време, во тек е кампња за исфрлање на сите производи од пластика за еднократна употреба од канцелариите и продавниците на ниво на целата компанија.

everlane3

Со иста цел, Everlane неодамна ја претстави колекцијата ReNew. Под графата состав на производот, кај оваа колекција стои – рециклирани пластични шишиња. Притоа, за дуксерите се потребни од 35 до 41, а за јакните од 15 до 60 рециклирани шишиња. Колекцијата е претставена под слоганите: Пластичното шише – еднаш користено. ReNew јакната – вечно користена.

everlane4

everlane5

Испрати коментар

Scroll To Top