Откако помина седум години во модната индустрија истражувајќи одржливи обувки, модниот дизајнер од Торонто Лук Хол дошол на идеја да создаде биоразградливи патики кои се претвораат во јаболкница.
Триесет и три годишниот Хол на Kickstarter го постави својот проект Johnny: The Shoe That Grows Into A Tree за да собере пари и да направи свој производ. Патиките се со едноставен дизајн и изгледаат како обични платнени патики, но се направени од биоразградливи материјали, а семето од јаболкото е скриено во ѓонот. Сите патики се направени од мек, лесен и водоотпорен материјал.
Хол работел во брзата модна индустрија, каде со голема брзина се исфрлаат нови модели на евтино изработена облека, која завршува на депониите. Ѓоновите се претежно направени од пластика, за што се потребни стотици и стотици години подоцна да се распадне.
“Пластиката може да издржи дури 1.000 години откако ќе ја фрлиме. Тоа сакав некако да го поправам“, изјави Хол за BlogTo.
Му биле потребни три години за да ја развие технологијата и да создаде прототип, па така го смислил финалниот производ – Džoni (Johnny Appleseed), именуван по Џон Чепмен, кој донел јаболкници во Северна Америка во 1800-тите.
Патиките нема да се расипат додека ги носите, а рокот на траење во просек е ист како кај „обичните чевли“. Кога ќе се истрошат, можете да ги засадите патиките во земја. Соединенијата во ѓонот нема да се активираат додека не ги засадите патиките, а кога ќе се активираат, тие привлекуваат микроби од природата кои потоа го разградуваат ѓонот во рок од три години. Некаде во средината на процесот, семките од јаболка обложени со природно ѓубриво се ослободуваат и почнуваат да се вкоренуваат.
Идејата да се стават семки од јаболко во ѓонот дошло кога Хол размислувал за материја која ќе се распадне под земја. “Ако сакаме да ги закопаме чевлите, зошто да не ставиме семки од дрвјата?“, си помислил тој.
Со помош на пријател од Кина набавил еко материјали од кои правел чевли. Друга важна работа за која се погрижил е да ги направи биоразградливите патики достапни за секого. Ќе треба да одвоите 109 долари за еден пар, додека оние кои го поддржаа Хол преку Kickstarter ќе добијат еден пар патики до август 2022 година, доколку кампањата биде успешна.
“Убавото во овој проект е што добивате дрво од чевлите и на тој начин го намалувате јаглеродниот отпечаток, односно загадувањето на животната средина со штетни гасови, но помагате и во намалувањето на пластичниот отпад“, заклучува Хол.