Насловна / Вести / Мода и екологија – необичен спот на Balenciaga

Мода и екологија – необичен спот на Balenciaga

Модната куќа Balenciaga ја претстави колекцијата за есен 2021 година, по каталогот кој го снимил Патрик Велде. Моделите се фотографирани пред најпознатите туристички дестинации а заедно со промоцијата на колекцијата е снимено и видео кое ја промовира природата. Колекцијата е унисекс, лесна за носење, што е во склад со естетиката на оваа шпанска модна куќа. Промоцијата е проследена со видео насловено Feel Good Video. Претставената колекција го промовира модното враќање на јакните и капутите од 90-тите години. Притоа, не станува збор за класична рекламна кампања, бидејќи таа ги промовира природата и животните со музика која буди позитивни емоции. Идејата за осмислување на овие сцени е враќање кон нормален и безгрижен живот, полн со позитивна енергија.

balenciaga1

balenciaga2

balenciaga3

Испрати коментар

Scroll To Top