Насловна / Архитектура / Мобилно студио со многу функции – BMW Guggenheim Lab

Мобилно студио со многу функции – BMW Guggenheim Lab

atelier_bow_wow_r210611Овогодишното издание на Втората меѓународна летна школа за архитектура и дизајн на тема „Преобмислување на метаболизмот“, што ја организира Американ Колеџ од Скопје, која отпочна на 29 јуни а ќе трае до 6 јули во Охрид, е во знакот на јапонските етаблирани архитекти Јошихари Цукамото и Момојо Каиџина од токиското ателје Bow-Wow. Студентите учесници на Летната школа имаа прекрасна можност, на 2 и 3 јули, да уживаат во одличните лекции и презентации кои безрезервно ги споделија двајцата архитекти.

201108-P90081127-zoom-origАтелјето  Bow-Wow го основаат Цукамото и Каиџина во 1991 година во Токио, етаблирајќи го како едно од најиноватнивните архитектонски бироа во светот кои дејствуваат и денес. Постигнувајќи култен статус помеѓу студентите во светот, тие ја градат својата кариера спротивстваувајќи се на предизвиците на дејствување во густите урбани средини. Нивните идеи се визија кон иднината на архитектурата, при тоа не заборавајќи ја човекомерноста на просторот како и емоциите не човекот во тој простор.

BMW-Guggenheim-Lab-by-Atelier-Bow-Wow-4Зборувајќи за јавните простори и нивните функции приспособени на модерните потреби на луѓето, но и на градот како жив организам кој се менува, тие споделија еден интересен проект. Тоа е BMW Guggenheim Lab во Њујорк, прва изградена структура од карбонски влакна, како мобилно студио. Концептот претставува кутија обвиткана со црна мрежа, издигната на лесни челични рамки, што ја прави монтажно-демонтажна и лесно пренослива на друга локација. Сместена помеѓу две постоечки згради, во двор кој поврзува две улици на двата свои краеви, притоа соединувајќи различни функции: јавно место, настани, лекции, дискусии, филмски проекции, перформанси, работилници, истражувања, експерименти, презентации, кафе, собирања, простор за релаксација и одмор, надворешна канцеларија… Функции кои ова монтажно црнo студио ги собрало, како алатките со различни функции во црната кутија за алатки. Подетално во креативното видео…

Испрати коментар

Scroll To Top