Одржувањето на автопатишта не само што е скапо, туку и фрустрирачко. Кога ќе се истроши слојот или ќе се појават дупки на патот, неопходно е да се затвори делницата, сообраќајот да се пренасочи на една лента, што предизвикува голема гужва и нервоза кај возачите. Сепак, решението наречено ASTRA Brigde го решава овој проблем на елегантен начин.
Мостот ASTRA е мобилен и привремен мост, односно надвозник кој се поставува на местото на работите. Додека автомобилите непречено минуваат по овој мост, а под него работите непречено се одвиваат.
Овие мобилни надвозници овозможуваат сообраќај во две ленти со максимална брзина од 60 километри на час, доколку условите дозволуваат.
Иако вкупната должина на привремената конструкција изнесува 236 метри, работите на одржување може да се вршат само на делот долг 100 метри под мостот. Кога ќе завршат работите под тој дел од мостот, тој се поместува за 100 метри на следната фаза од изградбата.
Како е направен овој мост
Делови од мостот се носат на лице местото со камиони, а потоа се монтираат со кранови. Станува збор за самоодни конструкции на тркала кои се редат една покрај друга. Хидраулични стопи ја подигнуваат конструкцијата на рампата на потребната висина, а потоа новите елементи на привремениот мост се додаваат конзолно еден на друг.
П-профилите, кои го сочинуваат корисниот дел од мостот под кој може да се работи, имаат корисна висина од 3,1 метар и распон од 5,1 метар, што е доволно за минување на тешка механизација како што се асфалтни финишери. Овие профили се надоврзуваат едни на други и се поврзуваат со рампите од двете страни на привремениот надвозник.
Физичкото одвојување на градилиштето и автопатот ја зголемува безбедноста при работа на градежните работници. Исто така, работниците се заштитени од бучава и временски услови.
Конструкција составена за две ноќи
Оваа технологија првпат е употребена пред две години на автопатот А1 во Швајцарија. На работниците им се потребни две ноќи за да го постават мобилниот мост, по што следи работа на замена на асфалтот.
Во текот на пробниот период на овој иновативен градежен мост било забележано дека протокот на сообраќај не е на посакуваното ниво, поради што ASTRA Brigde е оптимизиран во последните неколку месеци. Конкретно, рампите се продолжени и променет е влезниот наклон. Ова го намали почетниот наклон на рампите од 6,1 за 1,25 отсто.
Оптимизациите успешно се тестирани со различни возила – вклучувајќи спортски автомобили, приколки за кампување, туристички автобуси, камиони и шлепери – и сите возила можееле да го користат ASTRA Brigde без ограничување со брзина од 60 километри на час.
Тестовите ја потврдија практичноста на овој мобилен мост и денес тој редовно се користи во одржувањето на мрежата на автопатиштата во Швајцарија.