Дизајнерите Lise Morin и Florent Albinet моделираа мобилна кабина според моделот на американскиот автор Henry David Thoreau од 19 век. Целата структура е изработена од борово дрво и акрилно стакло и таа се надоврзува на структурата која што авотрот ја изработил во Масачусетс во 1845 година каде што поминал вкупно две години, два месеци и два дена од својот живот пишувајќи ја книгата ,,Life in the woods”. Посетителите може да се движат со кабината по водената површина, а целта на мобилноста на оваа инсталација е таа да биде ни предалеку ни преблиску до човековото општество.