Gartnerfuhlen е новоформирана норвешка архитектонска група која создаде оригинален необичен проект.
Се работи за пренослива колиба за риболов за едно лице, која е карактеристична по ѕидовите направени од мраз. Целата конструкција лични на традиционалните куќи со дрвен покрив, со седло кое ја овозможува мобилноста. Колибата може да ја носи еден човек и да ја конструира за една минута. Ѕидовите и покривот се празни при пренесувањето, но откако ќе се конструираат тие се исполнуваат со снег, кој се претвора во мраз.
Во текот на летото, може да послужи за растење на винова лоза околу рамката, така што колибата буквално се спојува со природата. Внатрешниот простор е доволно голем за еден човек, и нуди засолниште од студени ветрови. Ѕидовите се транспарентни и при осветлување со свеќи целата колиба лични на фенер.