Насловна / Вести / Мнозинството граѓани во ЕУ подржува забрана на продажба на дизелаши и бензинци

Мнозинството граѓани во ЕУ подржува забрана на продажба на дизелаши и бензинци

Дури 63% од жителите на 15 големи градови во ЕУ, ја подржува забраната на продажбата на нови автомобили со мотори на бензин и дизел гориво, по 2030 година. Ова о покажува online анкетата која за здружението T&E – Transport & Environment ја спровела компанијата YouGov.  Исто така, оваа анкета која е спроведена во март на примерок од 10.500 испитаници во осум земји (Белгија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Полска, Шпанија и Велика Британија), открива дека 29% од граѓаните се против ваква забрана. Останатите 8% не можеле да се изјаснат.

TE1

„Од Барселона па до Краков, постои широка подршка на забраната на продажба на автомобили со фосилни горива во ЕУ. Населението во грдовите е најизложено на отровните емисии и не сакаат моторите со внатрешно согорување да се продаваат подолго отколку што е потребно“, велат од здружението T&E.

TE2

 

Испрати коментар

Scroll To Top