И вечерва високо ниво на загаденост на воздухот во скопските населби.
Мерните станици покажуваат највисоко ниво на загадување во Лисиче 222 микрограми-ПМ10 честички, по што следува мерната станица Ректорат со 193 микрограми-ПМ10 честички, Тетово со 142 микрограми-ПМ10 честички, Кавадарци 139 микрограми-ПМ10 честички, Центар 137 микрограми-ПМ10 честички, Карпош 135 микрограми-ПМ10 честички.