Активисти на Greenpeace минатиот викенд на Мљет изложиле десетметарски реквизити со цел сликовито да прикажат каде најчесто завршува пластиката за еднократна употреба. Во морето лебдело големо пластично шише, чаша и сламка симболично порачувајќи дека во Медитеранот веќе има над 1455 тони пластика.
„ Чистењето на крајбрежјето е неопходно, но само по себе не е решение. Ситните делови пластика речиси е невозможно да се отстранат. Време е да сфатиме дека проблемот треба да се решава од причината, односно мора да ги менуваме навиките и полека да се откажуваме од пластиката за еднократна употреба“ – вели Михаела Богељиќ раководител на оваа кампања. Со загадувањето со пластика посебно се погодени јужнодалматинските острови, а ниту националниот парк Мљет не е исклучок.