Мајчинoто млеко на тасманските торбари познати како „тасмански ѓаволи“ би можело да помогне во глобалната борба против резистентните супербактерии кои се причина за сé поголемиот број смртни случаи, објавија во вторникот австралиските медиумите во врска со резултатите од студијата објавена во списанието Nature journal Scientific Reports.
Супербактериите се микроби кои се отпорни на сите познати антибиотици и според неодамнешното британско истражување би можеле да убијат до десет милиони луѓе во светот до 2050 година.
Научниците од универзитетот во Сиднеј откриле пептиди во млекото на торбарите кои ги уништуваат резистентните бактерии, меѓу кои се златната стафилокока отпорна на метицилинот и ентерококата отпорна на моќниот антибиотик ванкомицин.
Научниците се свртат кон торбарите кои во торбата ги носат младите додека не доврши нивниот развој токму поради биологијата животни. Слабите младенчиња имаат неразвиен имуно систем кога се родени, но преживуваат во мајчината торба полна со бактерии.
„Верувам дека тоа довело до ширење на тие пептиди кај торбарите. Торбарите имаат повеќе пептиди од другите цицачи. Кај тасманските ѓаволи пронајдовме шест, а кај луѓето само еден вид од тие пептиди“, вели научничката на универзитетот во Сиднеј, Ема Пил којашто работела на истражувањето.
Други истражувања откриле уште повеќе пептиди кај други торбари, а сега се истражува млекото на коалата.
Научниците вештачко создале пептиди наречени кателицидни, откако успеале да излачат секвенција на геномот на тасманскиот ѓавол и откриле да ги уништува отпорните бактерии и другите бактерии. Се надеваат дека пептидите ќе овозможат развој на нови антибиотици за човечка примена.
„Една од најтешките работи во денешниот свет е да се откријат нови антибиотици за резистентните соеви бактерии“, вели Керолајн Хог, научничка исто така од суднејскито универзитет.
Директорката на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Маргерет Чен предупреди минатиот месец дека некои научници го опишуваат ефектот на супербактериите како „забавен цунами“ а ситуацијата како „тешка којашто се влошува“.