По премиерата на фестивалот „Миксер“ во Белград, на изложбата на „Ден Д“ во Загреб, неколкуте настапи на манифестациите Vienna Design Week и Tirana Design Week, патувачката изложба Young Balkan Designers: Common Grounds гостува на Истанбулската недела на дизајн, од 14 до 18 октомври.
Изложбата и придружните активности вклучуваат промоција, едукација и практика на младите балкански дизајнери, а во организација на белградски „Миксер“, „ХДД“ од Загреб и Public Room од Скопје, во рамките на платформата Balkan Design Network.
Istanbul Design Week е еден од најважните дизајн настани во Турција, кој со години претставува и афирмира таленти од светот на дизајнот и помага во нивната презентација на меѓународната сцена.
Здружувајќи ги водечките светски модни и индустриски дизајнери и креативни индустрии, Истанбулската недела на дизајнот вклучува интензивна програма посветена на дизајнот, како и на бројните симпозиуми, работилници и конференции.
Изложбата ќе трае до 18 октомври и е поставена во главниот изложбен простор, во една стара фабрика за шапки во Истанбул.