Белградската културна организација „Миксер“ најавува голема патувачка изложба на најдобрите трудови од региналниот натпревар Young Balkan Designers 2019! По премиерата која ја имаше во Белград на десетиеот јубилеен Мискер фестивал (24-26 мај 2019), изложбата „Млади Балкански дизајнери 2019“ која ја сочинуваат десет проекти на млади автори од целиот Балкан во наредните два месеца ќе биде претставена на дизајнерски случувања и дестинации во регионот. Изложбата веќе е на Недела на дизајнот во Тирана од 26. септември до 5 октомври, потоа оди на Меѓународниот саем за мебел Амбијента на Загрепскиот Велесаем од 9. до 13. октомври, од 17. октомври до 5. ноември се сели во Љубљана во рамки на манифестацијата Месец на обликување, во новиот креативен центар во Софија ќе биде од 10. до 17. ноември и ќе пристигне на 27. ноември до 1. декември на Скопската недела на дизајн.
На конкурсот кој го распиша „Миксер“ – Young Balkan Designers 2019, инспириран од темата одржлив развој и циркуларен дизајн се пријавија преку сто автори од единаесет земји од Југоисточна Европа. Стручното жири со кое претседаваше Константин Грчиќ, еден од најпознатите индустриски дизајнери на денешницата, одбра десет трудови кои тргнаа на турнеа по Балканот, претставувајќи ги своите иновативни идеи за зачувување на локалните ресурси, намалување на отпадот, повторна употреба на материјали и делови од предмети, подигање на свеста за промена на однесувањето и потрошувачките навики на луѓето.
Изложбата ја сочинуваа проекти на младите дизајнери од:
Словенија
„Don’t Feed Me Plastic“, Маја Репоточник
„Connect in Design“, Сара Бадовинац
„DIY Beehive“ Брина Фекоња
Грција
„Biopack“, Јорго Боснас
„Re-act Athens“, Вања Бован
Хрватска
„Бисаги“, Јована Влаисављевиќ
„Fooda Brand“, Петра Салариќ
Србија
„Nut Bench“, Милија Чпајк и Ангела Јериниќ
„Seeder“, Ангела Јериниќ
„Пресврт“, Марија Којиќ