Денес (18 јануари), Младинскиот Културен Центар ќе го прослави својот 45 роденден, и истиот ќе биде прв настан за оваа година.
Во „Џебно кино“ посетителите ќе може да го погледнат авторски проект на Драгана Гунин, „Каде одат претставите што не се случуваат“?, а во кино „Фросина“ како и секоја година ќе се одржи поетскиот перформанс „Песнило“ на кој ќе настапат млади поети. Покрај поетскиот перформанс, во кино „Фросина“ ќе има и филмски маратон, а во Планетариумот – програмата „Ако никој не свири“.
Во Галеријата на МКЦ посетителите ќе имаат можност да проследат неколку изложби на фотографии меѓу кои: „Втора шанса“ на Наке Батев, „Effegies“ на Томислав Георгиев и „И јас имам сон“ на Огнен Теофиловски.
Вечер во салата „25 МАЈ“, во МКЦ, како дел од музичката програма, ќе настапат „Обојени програм“, „Милко“, „Везељ“ и „The Local Blue“, а во Бифето на МКЦ, диџејска екипа „Funky Fresh“ ќе има целовечерен сет.
Настанот е бесплатен за сите поситители.