Се смета дека околу 25% од загубите на енергија се должат на погрешното пуштање во работа на системот за греење, ладење, вентилација и климатизација (HVAC) во зградата? Со други зборови, правилното пуштање во работа на системот и балансирањето ан системот, може да биде најисплатливата стратегија за намалување на потрошувачката на енергија.
Се разбира, постигнување на состојба во која сите компоненти работат беспрекорно усогласено е голем предизвик. Компанијата Grundfos, го развила решението Grundfos MIXIT, кое овозможува балансирање на компонентите и заштеди на енергија. Благодарение на MIXIT и поврзувањето со Grundfos BuildingConnect или BMS, се добива целосна контрола над работата на системот со сеопфатна анализа на потрошувачката на топлинска енергија и детално следење на работата на HVAC системот во реално време.